Манифестацијата ,,Неготинско младо вино” која за првпат се одржа во градот во 2023 година, станува традиционална и наскоро ќе го има своето издание за 2025 година.
Станува збор за настан кој го промовира неготинското младо вино, маџунот, медот, но и кулинарскиот специјалитет – Неготинска пита. Истиот се одржува на градскиот плоштад и трае по неколку часа, со настапи на локални музичари, поставени штандови и голем број на посетители.

Првите две изданија на манифестацијата во изминатите години се одржаа на почеток на ноември, а годинава според првичните информации, би требало да се одржи кон крајот на ноември.
Градоначалничката Марија Нацева за ВИКИМЕДИА потврди дека ,,Неготинско младо вино 2025” ќе има, но се уште се прецизирале сите детали за настанот и за негово реализирање, во соработка со домашните винарии.

Датумот официјално не е утврден, но според првичните најави, најверојатно ќе биде кон крајот на месецов, а ќе гостуваат и повеќе музички имиња.
Изминатите две изданија поминаа во весела атмосфера, со музика и дегустација на вино, како и со голем број на гости, не само од градот, туку и од околните општини.
Во наредниот период од општината ќе излезат со сите детали поврзани со манифестацијата, која наиде на позитивни реакции од граѓаните и која се покажа како добар промотор на локалните производи.
В.К.

