Судењето за една од најголемите трагедии во земјава, пожарот во таканареченото кабаре Пулс во Кочани, каде 63 млади лица загинаа, а 212 беа повредени, продолжува на 25-ти ноември.
Тогаш, воведни говори треба да даде одбраната на 35-те обвинети физички и три правни лица.
Денес застапникот на обвинението Борче Јанев кажа дека никулците на катастрофата биле изниканти многу одамна, уште во 2012 година, кога Дејан Јованов решил да отвори клуб.
Заради неговата желба за профит, како и поради континуирано непреземање на дејствија од надлежните институции, згаснаа млади животи.
Како што истакна Јанев, првообвинетиот Дејан Јованов, како сопственик на Пулс, одел до таму, што во своите незаконити активности ги вовел и својот син, брат и кум.
-Ако овој објект ги исполнуваше стандардите, ако вратите беа доволни и проодни, ако плафонот и ѕидовите не беа обложени со отров што убива побрзо од пламен, ако имаше функционална вентилација, ако постоеше противпожарен систем, ако имаше навремена контрола, надзор и санкција,— пожарот сам за себе ќе се запаметеше како опасен инцидент, но не и како масовна гробница.
Затоа денес бараме одговорност по име и презиме, бараме правда, но не заради утеха и одмазда, правда како последица на незаконитост, кажа обвинителот.
Родителите на жртвите го поздравија говорот на обвнителот. Дел од нив излегоа пред камери и пак ја пренесоа праката дека бараат правда, но и искажаа гнев кон бранителите на обвинетите.
Деск
Следното рочиште за Пулс е на 25-ти ноември: Дејан Јованов ги вовлекол синот, братот и кумот во своите незаконски активности
2 Mins Read

