Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера учествуваше на Четвртиот Меѓуароден Самит за безбедност на храна „Храна од Украина“, кој се одржа во Киев, соопштија од МЗШВ.
-Храната е едно од основните права на човекот, а земјоделството претставува темел на секое општество. На Самитот, се разменија искуства и идеи за обезбедување на храната и за важноста за зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволно количини на храна.
Во рамките на посетата министерот Трипуновски оствари средба со Министерот за економија, животна средина и земјоделство на Република Украина, господинот Олексии Соболев, на која се разменија искуства и се разгледаа можностите за продлабочување на соработката помеѓу земјите во областа на земјоделството, истакнаа од министерството.
Од таму додаваат дека остануваат сплотени во целта за обезбедување на храна за сите.
Деск
Трипуновски замина во Украина: Остануваме сплотени во целта за обезбедување на храна за сите
1 Min Read

