Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане вчера и денес имале полни раце работа. Како што информираат, вчера наутро спасувале две лица заглавени во вода, а пак утринава, спасиле куче кое пропаднало во длабока шахта.

-Вчера во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с.Стрновац, Општина Старо Нагоричане,поради излевање на реката Пчиња,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари.
Утривава пак, во 10:00 часот во основното училиште во с.Младо Нагоричане(маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00 часот, соопштија од противпожарната служба.
Од таму апелираат до граѓаните да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане, а доколку се здогледа лице во опасност од временските услови да се јават на телефонскиот број за итни случаи 112.
Деск

