28-годишната девојка, чија мајка завчера пријавила во полиција дека е исчезната од месец јуни годинава, е пронајдена, информираа од СВР Штип.
Повеќе детали околу тоа каде и во каква состојба е пронајдена девојката, не се соопштени.
Инаку, за случајот првично информираа од МВР, кога мајката на девојката од село Злетово, Пробиштип, пријавила во полиција дека од јуни 2025 година ја немало нејзината ќерка Г.В.(28).
Според пријавеното, таа подолг период била во неколку манастири во Македонија, но во јуни 2025 последен пат се слушнала со неа кога била во манастир во Србија.
Деск

