Мајстори – слаткари од Италија заедно со средношколци од Скопје завчера заедно правеле традиционални сицилијански десерти. Детали за настанот објави Италијанската амбасада во Македонија, со порака дека тоа било одлична можност за културна размена.
-Во СУГС „Лазар Танев“ во Скопјe, се одржа работилница за слатки наменета за учениците и наставниците на ова угостителско училиште кои беа љубопитни да ги откријат и да се обидат да направат дел од најпознатите рецепти на италијанската кулинарска традиција.
Предводени од мајсторите слаткари Лило Дефраја и Џовани Манџоне, учесниците имаа можност од прва рака да ги искусат техниките и тајните на подготовката на автентичните сицилијански десерти.
Настанот понуда прекрасна можност за професионален раст, културна размена и спој на италијанската и македонската кујна, соопштија од амбасадата.
Деск

