Во Италија починал познатиот поп пејач и син на поранешната претеничка на СДСМ Ѓулумсер Касапи, Шпат Касапи (40), објави весникот Коха.
На социјалните мрежи со Касапи веќе се простуваат голем број на познати јавни личности, како од музичкиот, така и од политичкиот свет.
Според пишувањата на Коха, музичарот од Тетово починал рано утринава од срцев удар во Италија. Со Селвија Јао имаат едно дете, а годинава во мај, по четири години од венчавката, објавија дека дошол крајот на нивниот брак.
Инаку, Шпат беше беше едно од најпознатите и најомилените имиња на албанската музичка сцена. Беше пејач, но и текстописец.
Уште не свои 13 години ја започна музичката кариера освојувајќи прво место на детскиот фестивал Блетезат 98 во Тетово , и се етаблираше на музичките пазари во Косово и Албанија, објавувајќи песни кои станаа хитови, како “A më do?”, “Valle Kosovare”, “Dashni pa limit”, “Aroma e saj” и многу други.
Учествувал е на големи фестивали и соработувал со познати имиња во музичката индустрија и сними повеќе албуми.
Извесен период во 2020 година беше советник за култура на тогашниот вицепремиер Артан Груби.
Деск

