На маж од Турција му е одреден 30-дневен екстрадиционен притвор, откако на 21-ви ноември бил приведен во Скопје. Како што соопштија денес од Министерството за внатрешни работи, за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол – Турција.
-На 21.11.2025 во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Т.Б.(24) од Р.Турција затоа што за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „банкарска измама“.
Тој бил изведен пред ОЈО Скопје и му бил одреден 30-дневен екстрадиционен притвор, по што бил предаден во КПУ Затвор Скопје, истакнаа од МВР.
Деск

