Заклучно до вчера, биле издадени 39.012 ваучери, а искористени биле 18.848, односно толку електорнски уреди биле купени. Мерката изнесувала 850 милиони денари, кажа премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната седница за поставување на пратенички прашања.
Тој посочи дека ова до сега не се случило и оваа мерка за електронски уреди е дел од кампањата којашто има за цел да ги задржи младите во државата.
-Ова до сега не се случило и мислам дека ова е дел од онаа сеопфатна кампања којашто ја правиме за младите луѓе да останат тука дома, посочи премиерот.
Мицкоски најави дека ќе има уште многу проекти за младите во годините коишто следат, бидејќи како што рече иднината е токму во нив.
-Уште многу вакви мерки ќе има во годините коишто следат, бидејќи нашиот најголем потенцијал е во младите луѓе и како Влада ќе сториме сѐ младите да ги задржиме тука бидејќи иднината е на младите луѓе, порача Мицкоски.
Деск
Мерката за електронски уреди за студентите била дел од кампањата за задржување на младите во државата
1 Min Read

