Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната седница во Собранието за пратенички прашања зборуваше за Планот за раст и Реформската агенда, и нагласи дека многу важен чекор се законите во ресорот правда.
-Тоа се законите јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителска служба и за служба во судовите кој се однесува за две работи, едната е да можат судовите и обвинителствата да вработуваат само со одобрение на Судски совет и Совет на јавни обвинители, а Владата да ја информираат, што е во ред, но не можеме да се согласиме со тие средства кои треба од буџетот да ги одвојуваме за да бидат зголемени примањата, ако се жалат со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат па играчки за играње.
Тој е буџетот, го украле, останале малку пари, тоа што останало ние се трудиме да менаџираме како што треба, реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите.
Мислиме дека е фер, нагласи премиерот Мицкоски.
Деск
Мицкоски: Ако судиите и обвинителите се жалат со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на децата во градинка кои немаат па играчки за играње?!
1 Min Read

