Две лица кои биле затекнати со пари и список на гласачи за време на Локалните избори заработија кривични пријави, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.
Како што додаваат од таму, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д.(50) и Ј.С.(44), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.
-На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка партија, соопштија од полицијата.
Деск
ОДЕЛЕ ОД КУЌА ДО КУЌА И ДЕЛЕЛЕ ПАРИ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА ПОРАДИ ПОТКУП ПРИ ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ!
1 Min Read
Previous ArticleRAM ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ RAMPAGE

