Пензионерите од цела земја во понеделник (01.12.2025) излегуваат на протест пред Уставниот суд.
Денес на прес конференција тие повикаа на масовност на протестот, на кој освен линеарно покачување на пензиите, ќе барале и покачување на посмртнината од 35.000 на 50.000 денари, како и воведување на пензионерска картичка.
Ако протестот не вродел со плод, пак ќе протестирале на десети декември.
Пензионерите најпрво добија линеаро покачување на пензиите од 5.000 денари. Во септември добија покачување од 1.000 денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за уште 1.000 денари. Последното линеарно покачување беше оспорено.
Деск

