Општина Кавадарци наскоро добива современ Дневен центар за лица со физичка и ментална попреченост.
Како што информира градоначалникот Митко Јанчев, центарот веќе бил во завршна фаза, и во него ќе можат да престојуваат 40 корисници. Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари.
-Овој објект е инспирација и поттик за уште поголема поддршка и инклузија на лицата со телесна или ментална попреченост во нашата општина, објави Јанчев денес, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Инаку, проектот за центарот беше инициран од градоначалникот, кој лани изјави дека работите ќе се одвиваат со забрзано темпо, со цел објектот да се отвори побргу и да биде ставен на располагање на корисниците, а во истиот ќе бидат вклучени и нивните семејства.
В.К.
Previous ArticleКАЗНЕТИ ДЕСЕТ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАВА!
Next Article КАВАДАРЦИ СЕ ОТКАЖА ОД НОВОГОДИШЕН ОГНОМЕТ!

