По примерот на многу европски градови, кои последниве години ја почитуваат одлуката за забрана на огномети со среден и висок ризик, Општина Кавадарци како развиена општина и општина која се грижи за сите живи суштества, донесе одлука дека ОГНОМЕТ НЕМА ДА ИМА во текот на Новогодишната ноќ, соопшти кавадаречката советничка Емилија Василева Иваноска.
-Огнометот е причина за:
– голем процент исчезнати миленици
– паничен страв кај животните и птиците
– дополнително загадување на воздухот
– вознемиреност кај бебиња, постари лица и многу дечиња со аутизам, објави советничката.
Во својата јавна објава, таа додава дека оваа одлука е доказ дека за нив, како општина, луѓето, животните и природата се над сè.
-Да ги дочекаме празниците со радост, порача Емилија Василева Иваноска.
Previous ArticleКАВАДАРЦИ ДОБИВА СОВРЕМЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!

