Откако од први декември годинава во Скопје започна да функционира системот Safe City – проект што претставува значаен чекор кон технолошка модернизација на полициските контроли и сообраќајниот надзор, започнаа и триковите со кои граѓани се обидуваат да го надмудрат системот.
„Креативниот“ начин со кој многумина деновиве се решиле да си ја пробаат среќата за да ги избегнат казните, се состои во тоа што намерно лепат лист од дрво или друг мал предмет врз регистарските таблички за да прикријат дел од ознаката и да ја спречат идентификацијата од камерите. На социјалните мрежи веќе се објавуваат фотографии од наводно, ненамерно покриените таблици.
Овој потег, иако на многумина им изгледа како брзо решение, претставува дополнителен прекршок, бидејќи во Правилникот за регистарски таблици е наведено како треба да изгледа валидна таблица, која мора да биде читлива.
Како што веќе информираа од МВР, тест-периодот ќе трае еден месец, а од први јануари 2026 година ќе започне целосната примена на системот. Со Safe City, сите утврдени прекршоци – прекумерна брзина, минување на црвено светло, непрописно паркирање или возење со истечена сообраќајна дозвола – ќе бидат автоматски документирани.
Возачите ќе добиваат СМС и е-порака со записник и платен налог.
До крајот на годината камерите ќе профункционираат уште во два града, односно во Тетово и Куманово, а веќе наредната година камерите ќе ловат прекршоци во цела земја.
Деск
СО ТРИКОВИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО НАДМУДРАТ SAFE CITY: СИТЕ САКААТ БЕЗБЕДЕН ГРАД, АМА АКО МОЖАТ, ЌЕ ИЗБЕГНАТ ПРАВИЛА!
2 Mins Read

