Со сообраќајна дозвола со измината важност, без да се стекне со право за управување на моторно возило, и со дури 1,85 промили алкохол во крвта, 65-годишник од Куријата бил лишен од слобода во Неготино, а возилото му било одземено, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Настанот се случил вчера, кога среде бел ден, односно во 15.20 часот, на улицата Партизанска, полициските службеници од ОВР Неготино го запреле лицето при рутинска контрола.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, кое го управувал Л.Н. (65) и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.
Исто така, по извршена контрола, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и дека сообраќајната дозвола била со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа возилото му било одземено.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакнаа од полицијата.
Деск
НЕГОТИНСКАТА ПОЛИЦИЈА ,,УЛОВИ” 65-ГОДИШНИК, КОЈ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ, ПИЈАН ВОЗЕЛ НИЗ ГРАДОТ
1 Min Read
Previous Article,,НЕКСТ ТАЈМ” СО НОВ ПРОЕКТ ВО МАКЕДОНИУМ – КРУШЕВО

