Со тешки телесни повреди се здобил 44-годишник, кој со патничко возило излетал во близина на мостот на Црна Река, соопшти полицијата.
-Вчера околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на река Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес, информираат од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
Деск

