Денес се одбележуваат шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција, а министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со припадниците на единицата при СВР Скопје, беше на одбележувањето на настанот.
Тој истакна дека изминатата година Интервентната полиција реализирала околу 30.000 интервенции, со што се намалил бројот на разбојништва.
-Интервентната полиција е меѓу клучните столбови на безбедноста на главниот град. Во изминатата година тие реализираа речиси 30.000 интервенции, а резултатите се јасни и мерливи, меѓу другото, значително е намален бројот на разбојништва. Ова не се бројки на хартија, туку конкретна безбедност на граѓанините.
Како министер за внатрешни работи, јасно порачувам дека ќе продолжиме со силна поддршка, инвестиции во опрема, обука и човечки потенцијал, затоа што само силна, подготвена и мотивирана полиција може да гарантира сигурна иднина, кажа Тошковски, честитајќи им на припадниците на Единицата за интервентна полиција за нивната пожртвуваност и професионализам.
Деск
30.000 ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА ЕДНА ГОДИНА РЕАЛИЗИРАЛА ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!
1 Min Read

