Во духот на долгогодишната традиција, околу 40 жени од четири здруженија на жени од Прилеп – „Китка“, „Мајка Традиција“, „Преродба“ и „Орхидеја“, ги свиткаа светиниколските сармички.
Овој кулинарски уникатен специјалитет, со големина на еден лешник и со само неколку зрнца ориз, е умешност карактеристична исклучиво за прилепската жена. За годинешната градска слава ќе бидат подготвени над 25.000 сармички, соопштија од Општина Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претставниците на овогодишните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги посети жените во компанијата „Бимфоод“ каде што вчера се подготвуваше овој посен специјалитет.
-Горд сум што ја вративме традицијата на виткање на светиниколските мали сарми на нашиот патрон празник Св. Никола, а особено сум горд што во овие подготовки учествуваат нашите најмлади и што на овај начин учат за традицијата, истакна градоначалникот Проданоски.
По повод градската слава, на плоштадот „Александрија“ е биде организирана пригодна забавна програма, при што на Камената бина настапи прилепската музичка група „Тајфата“.
Деск
ПРИГОТВЕНИ 25.000 ПОСНИ САРМИЧКИ ЗА ГРАДСКАТА СЛАВА НА ПРИЛЕП: ГОЛЕМИ КОЛКУ ЛЕШНИК, СЕ ПРАВАТ СО НЕКОЛКУ ЗРНА ОРИЗ!
1 Min Read

