Неготинскиот Фолклорен ансамбл ,,Ацо Ѓорчев” го откажа новогодишниот концерт. Во соопштение за јавноста, од ансамблот истакнаа дека настанот се откажува поради трагичната смрт на 17-годишниот сограѓанин, кој бил другар на децата од ансамблот.
-Со длабока тага и болка ве известуваме дека новогодишниот концерт на Фолклорен Ансамбл Ацо Ѓорчев Неготино се ОТКАЖУВА.
Причината е трагичната загуба на нашиот 17-годишен сограѓанин, другар и пријател на децата од ансамблот. Во овие тешки моменти, сметаме дека нема место за славење, туку за тишина, почит и сочувство.
Изразуваме најискрено сочувство до семејството, блиските и сите погодени од оваа ненадоместлива загуба. Ансамблот останува обединет во поддршката и споменот на еден млад живот прерано згаснат. Ви благодариме за разбирањето, објавија од ансамблот.
Неготино утринава го потресе веста за смртта на младото момче, кое според информации од МВР, животот го загубило во сообраќајна несреќа која се случила во неготинската населба Тимјаник.
В.К.
ВО ОВИЕ ТЕШКИ МОМЕНТИ, НЕМА МЕСТО ЗА СЛАВЕЊЕ: ОТКАЖАН НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА ФА ,,АЦО ЃОРЧЕВ” НЕГОТИНО
1 Min Read

