Македонската јавност се збогува со легендата на радиоводителството, музичкиот новинар Драган Б. Костиќ, кој почина утрово на 75-годишна возраст.
Водителот, чиј глас беше присутен во етерот уште од 1970 година, и огромен познавач на светската музика, на слушателите им ги подари серијалите „Заборави ако можеш“, „Диско селектор“ и „Кавервил“, кои имаат по десетици илјади емисии.
Неговиот глас го препознаваа сите генерации, и ги имаше најслушаните радиоемисии.
Годинава во јуни, се обрати на социјалните мрежи со емотивен статус со кој порача дека иако не создал материјално богатство, тој бил најбогатиот, поради сознанието дека со своето постоење им го разубавил животот на многу генерации.
-Немам пари.Немам,куќи, автомобили,девизни сметки оваму или онаму. Можеби во некои скриени сништа и ги посакувам.Но да ли би бил посреќен? Не верувам.
Не!Сигурен сум!
Затоа што и без сето тоа јас сум богат.
Затоа што имам стотици и стотици незнаени и знаени пријатели кои ти посакуваат се најдобро.Затоа што со своето постоење си бил создаден да им го разубавуваш секојдневието, со генерации, за да бидеш нивното убаво денес за низ спомени во нивното утре. И одново и одново, порача легендарниот Костиќ пред шест месеци.
В.К.

