Работник од Албанија, кој бил работно ангажиран во Општина Дебрца, починал вчера откако врз него паднала машина – пумпа за бетон, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
-Вчера, во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.
Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал.
Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, полициски службеници и Државен инспекторат за труд, соопштија од полицијата.
Деск

