Грчките земјоделци, кои со недели протсетираат и блокираат патишта во земјата, ќе имаат празнична пауза на блокадите.
Тие ќе паузираат со блокади од 23-ти до 28-ми декември, а потоа од 30-ти декември до 4-ти јануари 2026 година, со цел граѓаните без застој да можат да стигнат на своите дестинации за време на празниците.
Голем број на наши граѓани периодов се соочуваа со часови на чекање при излез од Грција, на граничниот премин Евзони, кој беше затворен во поголемиот дел од денот.
Граничниот премин Дојран, остана отворен за цело време откако започнаа протестите на незадоволните земјоделци.
Деск

