Здружението на граѓани ,,16-ти март 2025 Кочани” ја пренесува изјавата на пертседателката Гордана Силјановска Давкова – Трагедијата во Кочани е нашиот “Ѕид на срамот”, со порака дека се согласуваат со неа.
На страницата на здружението, родителите објавија дека државата не смее да продолжи да ја гази нивната болка, и потсетуваат дека покрај загубата на нивните деца, им беше нанесена дополнителна траума и инситуционално понижување.
-Ние, родителите на 63-те деца што ги загубивме, секој ден живееме со болка што не може да се опише. Во нашите домови останаа празни места, а во нашите животи – тишина што те сече.
Но нам, покрај незамисливата загуба, ни беа нанесени уште траума, корупција, политички влијанија и институционално понижување.
Државата не смее да продолжи да ја гази нашата болка. Потполно се согласуваме со претседателката и бараме политичарите итно да ги тргнат рацете од судството. Да престанат со притисоци, со вмешување и со блокирање на вистината, порачаа родителите.
Додаваат дека не можат да ги вратат нивните деца, но правдата мора да ја види светлината, бидејќи тоа им го должат на нивните ангели.
Како потсетување, денес претседателката изјави дека треба да ги оставиме на мир обвинителите да обвинуваат, бранителите да бранат, а судиите да судат.
-Партиите и политичарите треба да ги прекинат дневнополитичките препукувања на сметка на работата на судот и болката на семејствата. Нивните најмили не можеме да ги вратим, кажа таа.
Деск
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА ЈА ПОДДРЖАА ИЗЈАВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДЕКА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Е НАШИОТ ЅИД НА СРАМОТ
2 Mins Read
Previous ArticleИСЧЕЗНА 40-ГОДИШНИК ОД КАВАДАРЕЧКО

