Благодарение на Одделението за хортикултура на ЈП Комуналец, Градскиот плоштад во Кавадарци дополнително е разубавен со новогодишни украси направени од природни материјали, соопшти денес градоначалниот Митко Јанчев.

Целта на ова несекојдневно украсување е да се истакне природната убавина, да се поттикне еколошката свест кај граѓаните и да се создаде пријатна и топла атмосфера во урбаната средина.
Новогодишните еколошки декорации поставени на јавни простори се изработуваат од дрво, лисја и други природни материјали.
Покрај тоа, градот дополнително е украсен со светлечки украси, елки и тематски инсталации, кои создаваа тпразнично расположение во пресрет на Новата година.

Секојдневно се актуелни разни активности на плоштадот поврзани со празниците, и претежно наменети за помладите генерации.
За дочекот на 31-ви декември пак, најавено е гостување на фолк музичарот Марјан Коцев.
В.К.

