Велешанецот Стојанче Клифов (48), кој пред 20 дена излегол од својот дом, околу полноќ, се уште не е пронајден. Информацијата за ВИКИМЕДИА ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
За неговото исчезнување алармираше неговата сестра Наташа, која на седми декември ни изјави дека исчезнувањето било пријавено во полиција, но семејството бараше помош и од јавноста, доколку некој го забележи Стојанче, веднаш да ги извести.
Како што тогаш раскажа сестрата, тој бил крупен човек, висок 1,83 метри, но не знаеле како бил облечен во моментот кога излегол од дома.
Живеел заедно со родителите, и последната информација која ја имале е дека заминал со такси возило, кое потоа го оставило кај Жито Маркет во градот.
Таму му се изгубил и сигналот од мобилниот телефон.
Доколку некој има информација за случајот, да пријави во полиција.
В.К.

