Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице, соопшти МВР.
Од министерството додаваат дека по извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Инаку, деновиве на социјалните мрежи беше актуелен апел за пронаоѓање на лицето од страна на неговите блиски.
Деск

