По три месеци интензивни настапи, силни емоции и жестока конкуренција, вечерва се одржува големото финале на четвртата сезона од популарното музичко натпреварување IDJ Pepsi Show.
Проектот, кој изминатиот период собра речиси 500 милиони прегледи на социјалните мрежи, вечерва ќе го добие својот победник. Во финалната борба за престижната награда IDJ Coin ќе настапат петмина финалисти, кои со својот талент, труд и харизма успеаа да се издвојат меѓу илјадници кандидати од регионот.
Финалистите на четвртата сезона се: Анѓела Стојковиќ од тимот на Сека Алексиќ, Страхиња Котлаја од тимот на Реља Поповиќ, Данило Ивановиќ – Coda, исто така од тимот на Реља Поповиќ, Анастасија Круниќ – Таша, член на тимот на Реља Поповиќ и Матеа Бошњак од тимот на Реља Поповиќ.
Финалната вечер ветува спектакл исполнет со моќни вокални изведби, продукција на високо ниво и неизвесна борба до самиот крај. Петтемина финалисти ќе настапат, а победникот ќе биде оној кој ќе ја освои наклонетоста на публиката и ќе го понесе симболот на успехот – IDJ Coin.
IDJ Pepsi Show и оваа сезона се потврди како една од највлијателните музички платформи во регионот, создавајќи нови ѕвезди и нудејќи им шанса на младите таленти да направат сериозен чекор кон професионална музичка кариера.
Марија Клинчарова

