Денес во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка. Годинава учествувале над 800 Дедомразовци, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека празниците се најубави кога се минуваат заедно.
-Со повеќе од 800 учесници, градот денес пулсираше во празничен дух, а најмалиот учесник, стар само половина годинка, за мене е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината.
Најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња, додека „Златните славејчиња“ се погрижија незаборавна забава која ги стопли срцата на сите присутни, истакна Ѓорѓиевски.
Тој се заблагодари на Здружението „Прв до врв“ и Coca-Cola, кои со својата поддршка ја збогатија новогодишната еуфорија и уште еднаш покажаа дека празниците се најубави кога се споделуваат заедно.
Деск

