Во целата немила случка, голема среќа е што кровот падна токму во недела, ден кога нема голема раздвиженост. Инаку, во работен ден, тој дел на градот е полн со луѓе, избегната е голема трагедија, велат кумановци откако вчера силниот ветар откорна кров на зграда во центарот на Куманово.
Настанот се случил во 10.50 часот, на улицата Гоце Делчев, и истиот бил пријавен во полиција. Од МВР соопштија дека нема повредени лица.
На социјалните мрежи се објавија повеќе видео снимки и фотографии од местото, на кои се гледа како голема површина од тротоарот и коловозот е покриена со делови од покривот, а парчиња од него се уште висеа и врз зградата.
Деск

