Голема реорганизација ќе се случува во Општина Кавадарци, а за ВИКИМЕДИА веста ја потврди градоначалникот Митко Јанчев. Како што појаснува, реорганизацијата, чија цел е граѓаните да добијат поквалитетни, брзи и професионални услуги, ќе опфатела околу 30 проценти од административниот кадар.
-Без оглед на партиски или било какви политички определби, граѓаните треба да добиваат професионални, квалитетни и брзи услуги! Токму поради тоа, беа спроведени анализи за работата на администрацијата во нашата општина, и овие мерки се со цел за подигање на стандардите во јавниот сектор, вели градоначалникот.
Додава дека анализите ги опфатиле сите вработени, од најниска до највисока позиција, и дел од вработените ќе биле распределени во други институции кои биле под надлежност на општината.
Потенцира дека целиот процес ќе се спроведувал стриктно врз основа на професионалните критериуми на вработените.
В.К.
НЕ Е ВАЖНА ПАРТИСКАТА ОПРЕДЕЛБА, ТУКУ ПРОФЕСИОНАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ: ЈАНЧЕВ НАЈАВИ ГОЛЕМА РАСПРЕДЕЛБА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА!
1 Min Read

