Новогодишниот дочек, како и сите забавни празнични активности во Македонска Каменица на 30-ти, 31-ви декември и на први јануари 2026 година се откажани, поради смртта на младата Симона Каранфиловска.
Веста ја соопшти градоначалничката Соња Стаменкова, која информира дека Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донел Одлука за прогласување на тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска.
-Деновите 30.12.2025, 31.12.2025 и 01.01.2026 година се прогласуваат за денови на жалост.
Во овој период:
Се одлагаат сите настани од забавен карактер поврзани со новогодишните празници
Државните знамиња пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје, објави Стаменкова.
Инаку, за новогодишниот дочек беше најавено гостување на Антониа Гиговска, а беа предвидени и бројни празнични содржини периодов.
Деск

