Зимскиот распуст кој започна на 31-ви декември, ќе трае 20 дена, односно до 20-ти јануари, кога учениците се враќаат во школските клупи.
Околу 250.000 основци и средношколци ќе уживаат во 20-дневниот зимски распуст, а второто полугодие од учебната 2025/2026 година ќе продолжи со воведување на едносменска настава.
Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, досега биле опфатени околу 200 училишта.
Платите на наставниците во основното и средното образование ќе имале покачување од 7,5 до 10 проценти од март.
Деск

