Здружението на граѓани 16-ти март 2025, упати порака со сочувство до семејствата на загинатите во пожарот кој се случи за време на новогодишната прослава во бар во Швајцарија.
Како што е наведено, тие стојат на располагање за било каква помош, бидејќи се луѓе кои ја носат истата рана.
-Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија.
Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“
Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот.
Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок.
Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка, пишува во јавната објава на здружението.
Од таму додаваат дека со срце се со нив — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана.
-Во вакви моменти, единственото што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.
Да знаеш дека не си сам во болката.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакуваме сила и надеж за закрепнување.
Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање, со тивка поддршка и со срце што знае.
Нека почиваат во мир оние што заминаа, а на живите нека им биде дадена сила да продолжат, објави здружението.
Деск
СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ ВО ПУЛС ДО ФАМИЛИИТЕ НА ЖРТВИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: НИЕ ЗНАЕМЕ КАКО Е ДА ТИ СЕ УРНЕ СВЕТОТ!
2 Mins Read
Previous ArticleКИЧЕВО ЗА ПРВПАТ ИМАШЕ ОРГАНИЗИРАН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК!

