26-годишник од неготинско се здобил со тешки телесни повреди вчера, откако со трактор излетал од патот, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера околу 18:00 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во атар на с.Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К.(26) од с.Долно Дисан, неготинско, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Неготино, истакнаа од полицијата.
Деск

