Семејството на двегодишното дете од Гази Баба, кое беше повредено на новогодишната ноќ, а утрово починало поради сериозноста на повредата, излезе пред камерата на порталот Рома Прес.
Таткото на детето, Муше Аслани, раскажа дека кога му кажале дека син му е повреден, првин помислил дека најверојатно паднал и се удрил.
Потоа, тој, а и неговиот чичко пред камерата на Рома Прес кажаа дека цело семејство било однесено во полициска станица, и сите биле распрашувани дали имаат оружје. Се жалеа на користење на прекумерна сила од страна на полицијата и бараат итно да се расчисти случајот.
Од Министерството за внатрешни работи пак, соопштија дека истрагата е во тек.
Деск
КОГА МЕ ВИКНАА, ПОМИСЛИВ ДЕКА СИН МИ ПАДНАЛ И СЕ УДРИЛ: СЕ ОГЛАСИ СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЧИНАТОТО ДЕТЕ
1 Min Read

