Работник во фабрика во Кавадарци бил тешко повреден при извршување на работни задачи, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од полицијата, вчера во 11:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен З.А.(59) од село Марена, кавадаречко.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци.
За настанот известен бил трудов инспектор.
Деск

