Малиот Зоријан е првороденото бебе во Општина Неготино, кое на свет дојде на трети јануари, во кавадаречката болница. Набргу по раѓањето, Зоријан доби и практичен подарок од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот и патиштата (РСБСП), во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата Неготино (ОСБСП).

Како што истакнуваат за ВИКИМЕДИА престедателот на ОСБСП, Тони Стефанов и членот Зоран Трајков, тие ги посетиле Зоријан и неговата мајка, и им ја врачиле донацијата – Новогодишна честитка и детско седиште за автомобил.
Освен што се работи за практичен подарок, кој е неопходен за семејствата со мали деца, истиот ја носи и пораката дека безбедното патување започнува со одговорна одлука – секое дете да биде сместено во соодветно детско седиште.
Надлежните институции потсетуваат дека користењето детско седиште не е само препорака, туку и законска обврска. Сепак, клучната причина за неговата употреба останува заштитата на детскиот живот и здравје.
В.К.

