Министерот за транспорт, Александар Николоски со видео порака информира дека и покрај врнежите од снег, сите патишта биле проодни и немало застој, а тој бил на терен да ја провери состојбата.
-На терен со вредните работници кои го чистат снегот. Сите патишта се проодни и никаде нема застој.
Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе, коишто ги одржуваат чисти и проодни патните правци, порача Николоски, потсетувајќи на законската обврска за носење на зимска опрема.
Од Македонија пат апелираат возачите внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
Деск

