Заврши снимањето на македонскиот игран филм ,,Охриски лудории”, како што најавија од продукцијата – урнебесна комедија во која улогите ги играат голем број на домашни фолк пејачи, а истиот бил посветен на нашата естрада.
Веста ја соопшти естрадниот менаџер Хари Сековски, кој стои зад проектот, а наскоро ќе биле објавени детали за промоцијата во Македонија, но и кај нашата дијаспора.
Улогите ги играат Марјан Коцев, Сања Барби, Жанко Голабоски, Дани Даниела, Благојче Стојановски – Туше, Ташко Каранфиловски и други.
Кога започна снимањето на филмот, кон крајот на 2024 година, на прес конференција беше соопштено дека најголемиот дел од сцените ќе се снимаат во Охрид.
В.К.
ЗАВРШИ СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ ,,ОХРИДСКИ ЛУДОРИИ”: УЛОГИТЕ ГИ ИГРААТ ПОЗНАТИ ФОЛК ПЕЈАЧИ!
1 Min Read

