Четворица кавадарчани во тек на вчерашниот ден биле лишени од слобода, поради кражба на ламинат, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес. Како што истакнуваат од полицијата, дел од ламинатот бил пронајден и вратен на сопственикот,а дел недостигал.
-Вчера, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци.
Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Деск
Previous Article18-ГОДИШНИК ЈА УСМРТИЛ ЖЕНАТА НА ,,НАРОДЕН ФРОНТ” ВЧЕРА, СО ТАТКО МУ ПОБЕГНАЛЕ ОД ЗЕМЈАТА!
Next Article ДОАЃААТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ, СНЕГ И ГОЛОМРАЗИЦА

