Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат, а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите) а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе места ќе се формира снежна покривка, најавува мето прогнозерот Славчо Попоски.
Во западна Македонија во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално може и повеќе додека на повисоките и на планинските места таа ќе се зголеми за над 30/40 сантиметри. На другите места снежната покривка ќе биде помала.
Локални врнежи од снег ќе имаме и утре (Недела 11 Јануари) проследени со засилен ветер од северен правец, објави Попоски.
Поради заладувањето и ниските температури се очекува појава и на голомразица, и се препорачува крајна внимателност, доколку се патува.
-Екстремно ладно утро очекуваме во понеделник (12 Јануари) кога температурите на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу па и под -10 степени а локално тие ќе се спуштат и до околу -15 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе се спуштат до околу -20 степени, најави пронозерот.
Деск

