Продолжува низата на измами на граѓани, на кои им се јавува лажен лекар и им бара пари за операции на нивни блиски. Откако во рок од 24 часа успеал да измами маж од Виница и жена од Штип, и за наводна операција да им земе над милион денари, односно од мажот 430.000 денари, а од жената 700.000 денари, денес МВР јавува за нова измама која се случила во Виница.
Вчера во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција.
Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Деск
ЛАЖНИОТ ЛЕКАР ПРОДОЛЖУВА ДА ,,ОПЕРИРА”: ЖЕНА МУ ДАЛА 12.400 ЕВРА ЗА НАВОДНА ОПЕРАЦИЈА НА СНАА И!
1 Min Read
Previous ArticleДОАЃААТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ, СНЕГ И ГОЛОМРАЗИЦА

