ОВР Неготино поднесе кривична пријава против 57-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „силување на дете кое нема наполнето 15 години“ и против 40-годишник од неготинско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Имено, во стан во Неготино тие имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник, кој направил видео запис кој подоцна бил достапен на повеќе лица. Исто така, постојат основи на сомнение дека 57-годишникот во октомври 2025 година вршел други полови дејствија со малолетникот, кој тогаш бил на возраст од 14 години, а за тоа му давал пари, велат од полицијата.
Исто така, известуваат дека ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 44-годишник од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое нема наполнето 15 години“.
Пријавениот, во два наврати во домот каде престојувал, ја допирал по телото неговата 13-годишна ќерка.
Деск
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДВАЈЦА НЕГОТИНЦИ И ЕДЕН КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА СЛУЧАИТЕ СО СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦА!
1 Min Read

