Хуман гест што им го олеснува преживувањето на бездомните животни во студените месеци доаѓа од скопската населба Капиштец.
Со доаѓањето на ниските температури, жители на Капиштец покажаа голема солидарност кон бездомните кучиња, поставувајќи им импровизирани куќарки во близина на Цветниот пазар. Овие засолништа им обезбедуваат заштита од студот, снегот и дождот, значително зголемувајќи им ги шансите за преживување во текот на зимата.
Иницијативата, велат граѓаните, произлегла од желбата да се помогне таму каде што помошта е најпотребна.
„Не можеме сите да вдомиме куче, но можеме да направиме мал чекор што за нив значи многу“ е мотото на оние кои учествуваат на било каков начин во олеснувањето на животот на улица на бездомните животни.
Од здруженијата за заштита на животните ја поздравуваат оваа практика и апелираат куќичките да бидат правилно поставени – издигнати од земја, со изолација и заштита од влага. Тие потсетуваат и дека покрај засолниште, на кучињата им е потребна и храна, како и свежа вода која во зима не смее да замрзнува.
Иако станува збор за индивидуални иницијативи, ваквите примери покажуваат дека хуманоста и грижата за најранливите сè уште се присутни во заедницата, дури и во најстудените денови од годината.
В.К.
ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВ ОД КАПИШТЕЦ: НЕ МОЖЕМЕ СИТЕ ДА ВДОМИМЕ КУЧЕ, НО МОЖЕМЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИМЕ ЖИВОТОТ!
1 Min Read
Previous ArticleЗАПОЧНАА ГОЛЕМИТЕ ПОПУСТИ ВО ГРЦИЈА!

