Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик, соопштија од ОЈО за случајот со кршењето на стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада.
Посочуваат дека делото било сторено од омраза, како и дека можело пак да биде повторено.
-На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, соопшти обвинителството.
Деск
ПОРАДИ ОМРАЗА ГО СКРШИЛ СТАКЛОТО НА ВРАТАТА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА, ПРИТВОР ЗА 55-ГОДИШНИКОТ
1 Min Read

