Стејт департментот на САД нареди паузирање на обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 држави, со почеток од 21 јануари 2026 година, а на списокот со 75 држави се наоѓа и Северна Македонија, заедно со повеќе земји од Европа, Азија, Африка, Карибите и Латинска Америка.
Тоа значи дека граѓаните што аплицираат за преселување и постојан престој во САД во наредниот период ќе се соочат со целосен застој во обработката на нивните барања.
Официјална информација околу тоа колку долго ќе трае паузата, засега нема.
Причина за оваа одлука бил обидот за засилена контрола на апликантите кои, според процените на американските власти, би можеле да станат т.н. јавен товар, односно лица што би зависеле од социјални и други јавни бенефиции во САД.
Листата на засегнати земји е следната: Авганистан, Албанија, Алжир, Антигва и Барбуда, Ерменија, Азербејџан, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белорусија, Белизе, Бутан, Босна и Херцеговина, Бразил, Бурма (Мјанмар), Камбоџа, Камерун, Кабо Верде, Колумбија, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Демократска Република Конго, Доминика, Египет, Еритреја, Етиопија, Фиџи, Гамбија, Грузија, Гана, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Иран, Ирак, Јамајка, Јордан, Казахстан, Косово, Кувајт, Киргистан, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Северна Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Мароко, Непал, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Република Конго, Русија, Руанда, Свети Кристофер и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Танзанија, Тајланд, Того, Тунис, Уганда, Уругвај, Узбекистан и Јемен.
Деск

