Три лица се степале во авион кој од Германија слетал во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, во физичката пресметка учествувале жена од Скопје, маж од кумановско и Германец.
-Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата.
Деск
Фото: Илустрација

