Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации во државата, соопштуваат од ОЈО ГОКК и информираат дека се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Неофицијално, биле приведени лица вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).
Деск

