Маж од Гостивар останал без околу 1.500 евра, откако добил порака за достава на пакет, но и линк на кој ги внел податоците од својата платежна картичка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“.
Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство, велат од МВР.
Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск
Previous Article1.500 ЕВРА ПЛАТА, СМЕСТУВАЊЕ, ХРАНА, ДУРИ И ЦИГАРИ, АМА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЧУВА ОВЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
Next Article ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА НАЈАВИ ПРОШТАЛНА ТУРНЕЈА

